Мицкоски: Нека Папата Лав XIV биде воден од мудроста на неговите претходници
Нека мандатот на Папата Лав XIV биде воден од мудроста на неговите претходници, од гласот на обесправените и од надежта на новите генерации. Премиерот Христијан Мицкоски испрати честитка по изборот на новиот поглавар на Католичката црква.
Вели, во време на глобални предизвици, неговата порака за мир, дијалог и човечко достоинство добива уште поголемо значење.
-Изборот на Неговата Светост, Папата Лав XIV, прв понтиф со потекло од САД, претставува историски настан за Римокатоличката црква и за сите верници ширум светот. Овој избор е симбол на ново време на отвореност, духовна одважност и универзална припадност, но и продолжение на традицијата на мир, солидарност и грижа за секој човек. Од името на Владата и во свое име, упатувам искрени честитки до сите Католици, а особено до членовите на македонската католичка заедница, кои со својата вера, култура и граѓанска посветеност придонесуваат за духовната разноликост и општественото богатство на нашата татковина, напиша Мицкоски на Фејсбук.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа