ИДФ: Уништивме два ирански воени авиони и осум лансери за балистички ракети

 

Израел уништи два ирански воени авиони и осум лансери за балистички ракети, соопштија денеска Израелските одбранбени сили (ИДФ).

Според извештаите, два авиони Ф-5 се уништени утрово на аеродромот Дезфул во Иран, објавува „Тајмс оф Израел“.

Дополнително, уништени се осум лансери за балистички ракети, вклучувајќи шест лансери кои биле во состојба на готовност за непосреден напад врз Израел, тврди ИДФ.

Армијата соопшти дека нејзините воздухопловни сили извршиле напади во кои учествувале 20 израелски воени авиони и дека тие погодиле десетици ирански воени цели. ИДФ вели дека, меѓу другото, биле погодени иранските системи за воздушна одбрана, како и места за производство и складирање оружје. 

22.06.2025 - 12:13

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега