Мицевски до СДСМ: Ништо не сте научиле - со новите кадри Ви следува пораз на избори

 

СДС со кадри на Заев и Филипче тргнува во сигурен пораз на локалните избори, изјави денеска на прес-конференција пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Јане Мицевски.

СДС со новите предлог кандидати за градоначалници, само потврдува дека ништо не научиле. Наместо нови и вредни луѓе, тие повторно нудат истрошени фигури, проверени послушници на Заев и Филипче.

Овие кандидати немаат ниту углед, ниту поддршка во своите општини. Граѓаните ги препознаваат како симболи на неспособност, корупција и партиска уцена.

Таков е и примерот со Марјан Даскаловски кој е близок човек на Заев, познат по притисоци и закани врз граѓани.

Даскаловски под насока на Заев во 2014 година, се заканувал со бркање од работа и гаснење на струја на ромски семејства ако не го дале гласот за СДС.

Тоа се кадрите на СДС. Луѓе кои се закануваат јавно, сеат страв и го дестабилизираат општеството.

Луѓето се можеби други, но матрицата им е иста, додаде Мицевски.

03.07.2025 - 12:20

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега