Мечка се нагости на софра во тетовско Отуње
Мештани на тетовско Отуње со мобилен телефон успеале да го снимат моментот кога мечка се качила на тераса од нивната семејна куќа и почнала да ја јаде оставената храна, јави „Тетово инфо“.
Членовите на семејството во моментот биле внатре во куќата. Од влезната врата го снимиле животното кое без страв шетало по терасата и се качило на масата.
Слични случаи летово биле забележани и во соседните села Сетоле и Једоарце. Камери за видеонадзор снимиле мечки кои демолираат пчеларници и бараат остатоци од храна околу куќите.
25.08.2025 - 22:29
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа