Макрон бара прекин на огнот пред средбата Путин-Зеленски во Истанбул

 


Претседателот на Франција, Емануел Макрон синоќа изјави дека е неопходен прелиминарен прекин на огнот за да може на 15 мај да се одржи средба на највисоко ниво помеѓу Украина и Русија во Истанбул.

Средбата беше предложена од рускиот претседател Владимир Путин, а прифатена од претседателот на Украина, Володимир Зеленски.

Макрон вчера разговарал со своите германски, британски и полски колеги, како и со американскиот и украинскиот претседател Доналд Трамп и Зеленски.

Украинскиот претседател во синоќешното видеообраќање наведе дека предлогот на Киев за прекин на огнот од денеска е на маса и се чека одговор од Москва.

– Украинската армија е подготвена да одговори доколку руските сили го нарушат прекинот на огнот, посочи Зеленски.

Но, Русија не се согласи да се придржува до 30-дневниот прекин на огнот, предложен пред два дена од европските сили.

12.05.2025 - 10:36

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега