39-годишен Албанец нападнал жена во Дебар и се обидел да ја обљуби

 


Дебарското одделението за внатрешни работи поднесе кривична пријава против албански државјанин поради кривично дело „полов напад“.

- Кривична пријава е поднесена против М.Ф.(39) од Република Албанија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „полов напад“. На 6 мај годинава во Дебар, пријавениот физички нападнал 52-годишна албанска државјанка и се обидел да изврши обљуба врз неа, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи-Охрид.


 

Според него, полициски службеници од ОВР Дебар веднаш го пронашле и лишиле од слобода, по што судија на претходна постапка при Основниот суд во Дебар му одреди мерка притвор од осум дена. 

12.05.2025 - 15:01

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега