Македонија и Литванија ја зајакнуваат полициската соработка: Се потпишува договор за борба против криминалот

 


Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски оствари работна средба со амбасадорот на Канцеларијата на амбасадата на Литванија во Скопје, Н.Е. Вилма Дамбраускиене.

На средбата беа потврдени добрите досегашни односи меѓу нашите две земји и посветеноста за натамошно унапредување на соработката на повеќе нивоа.

Посебно се разгледа взаемната иницијатива на двете земји за потпишување на договор за полициска соработка чии носители ќе бидат двете министерства за внатрешни работи со кој се очекува зголемување на соработката на оперативно ниво, размената на информации, едукацијата на полициски службеници, како и соработката во борбата против сите видови организиран криминал меѓу двете министерства. Со тоа дополнително ќе се овозможи подобра соработка и доближување на стандардите на Европската Унија во областа на безбедноста и меѓународната заштита.

27.05.2025 - 13:08

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега