Кривична пријава за двајца битолчани за шверц на дрога во Затворот Битола
СВР Битола поднесе кривична пријава против Д.Ч.(37) и З.М.(41), двајцата од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.
Во соба во Казнено - поправна установа Затвор Битола, затворските службеници изршиле претрес кај првопријавениот, при што биле пронајдени и одземени мобилен телефон и марихуана, која претходно второпријавениот му ја фрлил преку оградата во отвореното одделение на установата.
12.09.2025 - 16:29
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа