Израел најави напад – Иранската државна телевизија наскоро ќе исчезне, рече министерот

 


Министерот за одбрана на Израел, Израел Кац, изјави дека иранската државна телевизија и радио „се пред исчезнување“, мислејќи на актуелниот израелски напад и претходно издадената наредба за евакуација на жителите од третиот кварт на Техеран.

„Иранскиот мегафон на пропаганда и поттикнување наскоро ќе исчезне. Евакуацијата на околните жители започна“, рече Кац.

Во зоната за евакуација се наоѓа и седиштето на иранската државна радио и телевизија ИРИБ.

Израелските одбранбени сили (ИДФ) издадоа итно предупредување до жителите на голем дел од Техеран, главниот град на Иран, веднаш да ја напуштат областа.

„Во следните часови, ИДФ ќе оперира во областа, како и во изминатите денови низ Техеран, за да ја погоди воената инфраструктура на иранскиот режим“, објави портпаролот на ИДФ,  Авичај Адраи на мрежата „Икс“.

Со пораката прикачи и мапа со означени делови од третиот кварт на Техеран и рече: „Вашето присуство во таа област ви го загрозува животот“.

16.06.2025 - 17:49

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега