Израел ја погоди иранската државна телевизија
Израелските одбранбени сили (ИДФ) изведоа офанзива врз Информативната мрежа на Исламска Република Иран (ИРИНН), која е под контрола на државниот радиодифузер ИРИБ, пренесоа израелските медиуми.
Според изворите, програмата на државната телевизија на Исламска Република Иран е привремено стопирана.
Оваа акција дојде откако израелскиот министер за одбрана, Израел Кац, рече дека “иранскиот мегафон на пропаганда и поттикнување е на работ на исчезнување”.
Кац исто така изјави дека е започната евакуација на населението од Техеран.
По краток прекин, ИРИБ продолжи со емитување на програмата, а на екраните се појави порака: “сите програми продолжуваат во живо, без прекини”, и дека Израел “во брутален напад гаѓал една од зградите на иранската државна телевизија”.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа