Испукале цел шаржер кон куќа во Тетово - полицијата трага по две лица на скутер
Нема повредени по оружениот инцидент што се случил вечерва во Тетово, кога кон куќа било пукано од автоматско оружје околу 21 часот и 15 минути. Во СВР Тетово било пријавено дека ова се случило на улица „111“ во населбата „Теќе“.
- Било пријавено дека непознати лица кои биле со мотоцикл-скутер, од автоматска пушка пукале во куќата сопственост на М.Т. од Тетово и истите веднаш се дале во бегство. Веднаш било постапено во однос на пријавата каде било констатирано дека немало повредени лица и на самото место биле пронајдени околу 30 чаури од автоматско оружје. Во моментот на пукањето во куќата биле сопственикот со неговото семејство и на куќата биле забележани оштетувања, информира Фатмир Реџепи, портпарол на СВР Тетово.
За случајот е известен е јавен обвинител и се преземаат мерки и активности за пронаоѓање на сторителите и расчистување на случајот, додека увид врши екипа при СВР Тетово.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа