Инцидент во Чаир: Запалена влезна врата на казино со шише со запалива течност

 


Денеска во 06.20 часот во СВР Скопје е пријавено дека околу 04.10 часот пред казино на подрачјето на Чаир во Скопје, едно лице фрлило шише со запалива течност, при што ја опожарило влезната врата на казиното.

Пожарот е изгаснат од вработените, а повредени лица нема.

Извршен е увид од екипа на СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

21.05.2025 - 13:53

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега