ФОТО: За 100 минути истури дожд повеќе отколку за цел месец - Силно невреме направи хаос во Хрватска
Силно невреме вчера попладне ја зафати Истра во Хрватска и направи хаос. Според информациите од хрватските медиуми, најпогодени се градот Медулин и околината каде има поплавено згради и улици.
Од општината побараа од сите жители да не користат возила, доколку тоа не е потребно, за да се овозможи непречено работење на службите за итни случаи, но и за да се избегнат доцнења и можни штети на возилата од поплави.
„ИстраМет“ известува дека огромни количини дожд наврнале на југот на Истра, и дека за 100 минути имало двојно повеќе дожд од она што нормално паѓа за еден месец.
Според податоците, наврнале 120 мм дожд.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа