Филипче: ВМРО-ДПМНЕ ја заглави државата на меѓународен план и стана заложник на туѓи интереси

 


За една година ВМРО-ДПМНЕ ја заглави државата на меѓународен план, станавме држава на залжник на туѓи интереси, потенцираше претседателот на Социјалдемокртаскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на вечерашната трибина „Мугра на Слободата“, во Крушево. Тој предупреди дека Владата на ВМРО ДПМНЕ од држава со јасна иднина напред, ја направи држава заложник на туѓи интереси.

„За една година ВМРО-ДПМНЕ ја заглави државата на меѓународен план. Од држава со јасна иднина напред, станавме држава заложник на туѓи интереси кои што ја раководат оваа власт преку финансиско заложништво. Мицкоски е скапо платен спроведувач на политики на држави кои не и мислат добро на Македонија, туку ја гледаат само како поле за своите геостратешки интереси“, рече Филипче.

При тоа, Филипче потсети дека Мицкоски со новите задолжувања направи вистинско предваство на интересите на државата.

„Долговите од 7 милијарди евра ќе бидат камен околу вратот за секој млад човек и за развојот на државата во следните 10 години. Ова е вистинско предавство на националните интереси, вистинско предавство на државата“, рече Филипче.

Во обраќањето пред присутните граѓани во Крушево, Филипче посочи дека премиерот Мицкоски ја турка Македонија во амбисот на криминалот, корупцијата, самоволието, киднапирајќи ја европската иднина за државата.

На вечерашната граѓанска трибина „Мугра на слободата“ која се одржа во Крушево, претседателот на СДСМ Венко Филипче во своето обраќање пред крушевчани ги откри мотивите и потребите на кумановскиот градоначалник Миксим Димитриевски да се спои со ВМРО-ДПМНЕ како негов коалиционен партнер. Неговата потреба од ВМРО-ДПМНЕ е една Мицковски да ја „исече“ раката на правдата.  

„Максим Димитриевски конечно се потврди за што е влезен во коалиција со Мицкоски и која беше неговата цел. Не била само поделбата на СДСМ. Негова цел била да се спаси од правен прогон. Скандалозно е и преседан е во судството на само еден ден од носење на пресуда обвинението против него да се повлекува. И ова е јасен знак дека тој е политички заштитен од Христијан Мицкоски и дека е сега негов вечен должник. Јасно е зошто тројанскиот коњ Димитриевски беше задолжен да го дели СДСМ. Сега повеќе никој не му верува“, рече Филипче. 

Венко Филипче оценувајќи ги меѓупартиските релации во своето обраќање партиите ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ ги нарече колаборациоалисти. 

„ВМРО-ДПМНЕ и нивниот привезок ЗНАМ се колаборационисти. Со години лажат и шират хистерија дека тие ќе се „бореле со Бугарите“, а впрочем тие се тоа. Нема кој нема бугарски пасош од нив и не е проблем да имаш бугарски пасош, од било која причина - економска, социјална или лична - но лицемерно е да се правиш патриот дека ќе се бориш против „бугарски диктат“ а да имаш фирми во Бугарија, државјанства, и разни други интереси. За нив може ЕУ, за другите не може“, рече Филипче.

03.07.2025 - 22:02

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега