Авион се сруши во близина на Денвер, има загинати
Мал комерцијален авион се урна и се запали во близина на Денвер во американската држава Колорадо денес, при што загинаа две лица, соопштија американски официјални лица.
„Суритот се случил јужно од аеродромот „Сентенијал“ и првично бил пријавен како експлозија“, изјави Дебора Такахара, портпаролка на канцеларијата на шерифот на округот Даглас, според АП.
Пожарникарите го пронајдоа авионот „Бич БЕ35“ во пламен, а пожарот се закануваше да се прошири на блиската зграда и генераторите на електрична енергија на дизел-погон.
„Пожарникарите успеаја да го изгаснат пламенот“, соопшти локалната противпожарна служба.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа