Живадиновиќ: ВМРО-ДПМНЕ е партија на народот, еден од столбовите се токму семејните вредности
Во рамки на поткастот „ВМРО-ДПМНЕ зборува, УЖ” гостуваше Бети Живадиновиќ, социјален работник и член на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ. Таа нагласи дека семејството е основна клетка на општеството. Таа додаде дека тоа е првото место каде што се создаваат карактерот, вредностите и иднината на секое дете и токму затоа мора да биде поддржано и зајакнато.
„Семејството е најситна клетка во општеството, семејството е она што секој од нас го има нели и го негува понатака и го гради системот во којшто живееме и работиме“, истакна Живадиновиќ.
Живадиновиќ нагласи дека воспитувањето започнува во домот, каде што децата се учат на дисциплина, почит, трудољубивост и одговорност. Таа ја потенцираше важноста на социјализацијата како процес преку кој се создаваат здрави и морални генерации, каде што се втемелува почитта кон законот и љубовта кон татковината.
„Социјализацијата е еден важен процес којшто се случува помеѓу членовите во семејството, бидејќи на тој начин ги учиме нашите деца како да бидат добри граѓани, како да бидат добри деца, ги учиме на моралните норми, на моралните вредности во едно општество, ги учиме како да бидат добри пријатели, како да бидат емпатични“, вели Живадиновиќ.
Живадиновиќ во своето излагање истакна дека постои систем, институции, здруженија и училишта кои можат и мора да соработуваат со секое дете. Таа подвлече дека законот е јасен, односно кога постои сомнеж за загрозување на детето мора да се постапи веднаш.
„Самоувидот на родителите, желбата за промена, желбата да се забележи дека нешто се случува, зајакнување на институционалната соработка, особено кога станува збор за децата. Училиштата се места каде што може да се детектира доколку нешто се случува и истото да го пријават затоа што тоа законот го предвидува, достапност и унапредување на одредени социјални услуги коишто ќе им помагаат на семејствата“, заклучува Живадиновиќ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа