Жена нападната од мечка во с. Синичане - веднаш хоспитализирана
Жена од тетовското село Синичане во Општина Боговиње била повредена од мечка, информираат од СВР Тетово откако за овој случај биле известени од тетовската Kлиничка болница. Станува збор за 41 годишна жена која се движела по шумски пат во место викано „Голем рид“.
-На 01.07.2025 околу 18 часот во СВР Тетово од Клиничка болница Тетово е пријавено дека кај нив била донесена Е.Х.(41) од с.Синичане, која според пријавеното, се здобила со повреди околу 16.30 часот кога на шумски пат на место викано „Голем рид“ во с. Синичане била нападната од мечка, соопшти СВР Тетово.
02.07.2025 - 12:07
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа