Вучиќ ги повика претставниците на „студентското движење за блокада“ на јавна дебата пред камери
Српскиот претседател Александар Вучиќ ги покани сите претставници на она што го нарече студентско движење за блокада на дебата што ќе се одржи јавно, пред сите камери. Вучиќ во објава на социјалните мрежи нагласи дека Србија мора да ги реши своите проблеми преку демократски дијалог, а не преку насилство.
„Ги поканувам претставниците на движењето за блокада на разговор и јавна дебата за визиите, за да разговараме за нашите планови и програми за иднината и сите заедно да го осудиме насилството на нашите улици“, рече претседателот Вучиќ во видео објава.
22.08.2025 - 13:08
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа