Времето утре сончево со мала облачност
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), за утре прогнозира сончево и топло време, со мала локална облачност. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од јужен правец.В петок и в сабота во западните и северните делови на земјата ќе има услови за повремен локален дожд и појава на ретки грмежи.
В петок ќе дува засилен повремено силен ветер од западен и југозападен правец. За време на викендот, ветрот ќе го смени правецот во северен со умерен, а долж Повардарието повремено засилен, интензитет.Температурите ќе бидат во опаѓање.
20.08.2025 - 21:42
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа