Внимавајте се шири нова измама: Скопјанец остана без 48.875 денари за лажни полиси за осигурување на имот
Вчера во 12.40 часот во СВР Скопје, 68-годишен маж од Скопје пријавил дека во периодот од 23.03.2023 до 16.04.2024, од женско лице Т.П.Н. бил измамен за сума од 48.875 денари.
Според пријавеното, таа се претставила како осигурителен брокер, вработена во правен субјект, и му понудила полиси за осигурување за неговиот недвижен имот во Скопје и Дојран, од кои на трансакциска сметка платил 33.875 денари, додека пак во готово и дал 15.000 денари.
Како што е пријавено, откако не ги добил полисите за осигурување, сфатил дека бил измамен.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
17.07.2025 - 15:13
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа