ВМРО-ДПМНЕ: Лагите на СДС испливуваат на површина
Во СДС повеќе од јасно е дека не можат да се фокусираат на својата основна работа, па почнаа да глумат истражители и даваат идеи како треба да постапуваат надлежните во правосудството, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.
„Како и да е, ги разбираме од СДС, тие се навикнати нивните обвинители и судии да ја кријат вистината на сите можни начини.
Е па, вистината не може да крие во недоглед.
Многу е јасно, обвинителството ја отфрли пријавата за директорот на АНБ, Бојан Христовски.
Со оваа одлука на обвинителство вистината излезе на виделина.
Сите лаги на СДС паднаа во вода.
Да потсетиме, а во СДС знаат и сами правосудниот систем не може да работи само под притисоци и да ги крие нивните лаги, имаше и случаи во кои судот јасно докажуваше дека клеветат.
Од ден на ден, се покажува и докажува дека СДС е фабрика за лажни вести“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа