(ВИДЕО) Моќен ракетен систем „Искандер“ уништен во Русија, објавија Украинците

 


Украинското Министерство за одбрана објави дека моќен руски ракетен систем „Искандер“ е уништен во Русија.

„Украинските војници уништија руски ракетни системи ‘Искандер’. Еден руски ракетен фрлач експлодира, а два други веројатно се оштетени. Резултатите од нападот сè уште се утврдуваат“, објави украинското Министерство за одбрана.

Според повеќе извори, системот се наоѓал во регионот Брјанск во Русија и бил во активна служба. Се верува дека бил користен за таргетирање на Киев.

05.06.2025 - 12:35

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега