Уште една сообраќајка во Македонија - Затворен за сообраќај патот Струмица-Валандово
Сообраќајот на регионалниот пат Струмица – Валандово е во прекин во двата правци поради сообраќајна незгода.
Како што информира АМСМ, сообраќајот на државните патишта се одвивa непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Засега не се познати детали за несреќата, за тоа како дошло до неа и дали има повредени. Се чекаат детали од МВР.
04.06.2025 - 10:09
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа