Тинејџер од Радовиш заврши со лисици на рацете - полицијата му најде дрога

 


Полицијата вчера попладнето во Радовиш го лишила од слобода Т.Н.(18) од овој град. При претрес на неговиот дом, извршен со судска наредба, пронајдена е марихуана и дробилка со остатоци од растителна материја.

Како што информираат денеска од МВР, запознаен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш, а по документирање на случајот против Т.Н. ќе биде поднесена соодветна пријава.

15.07.2025 - 10:23

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега