Тешка сообраќајка во Куманово: Малолетник тешко повреден по судир со автомобил

 


Вчера околу 19.20 часот во СВР Куманово е пријавено дека на крстосницата од ул.„Перо Шварц“ и ул.„Миле Кипра“ во Куманово се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „бмв“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од 25-годишната С.М. од с.Облавце, општина Старо Нагоричане и мотоцикл „јамаха“ со кумановски регистарски ознаки, управуван од 17-годишник од Куманово.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Општата болница Куманово.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.

18.07.2025 - 14:09

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега