Close Menu
    Најново

    Фон дер Лајен: На нашето небо се случува нешто ново и опасно, се соочуваме со хибридна војна

    08.10.2025 во 23:42

    Италија ќе забрани носење бурка или никаб на јавни места

    08.10.2025 во 23:25

    Парламентот на Шпанија забрани испораката на оружје во Израел за да запре геноцидот врз Палестинците

    08.10.2025 во 23:01
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Фон дер Лајен: На нашето небо се случува нешто ново и опасно, се соочуваме со хибридна војна
    • Италија ќе забрани носење бурка или никаб на јавни места
    • Парламентот на Шпанија забрани испораката на оружје во Израел за да запре геноцидот врз Палестинците
    • Насилник ја тепал својата мајка, а со нож упатувал закани и кон сопругата
    • Филипче од Прилеп: ВМРО-ДПМНЕ убедливо најмногу штета направи на земјоделството и земјоделците
    • Китански: Туризмот е срцето на Пехчево и Малешевијата
    • Мицкоски: Тајните договори на Венко и Стевче не поминуваат, Сотир Лукровски ќе победи во Карпош
    • Лукровски: Во Карпош ќе има каде да се паркираме
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Фон дер Лајен: На нашето небо се случува нешто ново и опасно, се соочуваме со хибридна војна

    Фон дер Лајен: На нашето небо се случува нешто ново и опасно, се соочуваме со хибридна војна

    08.10.2025 во 23:42
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Претседателката на ЕК обвини дека Русија сака да посее поделба меѓу земјите членки на ЕУ, па затоа, според неа, тие мора да одговорат со единство и акција на солидарност. 

    Нешто ново и опасно се случува на нашето небо, при што само во последните две недели борбени авиони МиГ го нарушија воздушниот простор на Естонија, а дронови прелетаа над критични локации во Белгија, Полска, Романија, Данска и Германија, изјави претпладнево претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен во обраќањето пред европратениците во Стразбур за време на дебатата посветена на одговорот на ЕУ на неодамнешните руски нарушувања на воздушниот простор и загрозувањето на критичната инфраструктура на земјите членки на блокот.

    -Да не се залажуваме. Ова е дел од загрижувачкиот модел на растечки закани. Низ целата наша Унија се сечат подводните кабли, се парализираат аеродромите и логистичките центри со кибер напади, а изборите се цел на кампањи со злонамерно влијание, истакна Фон дер Лајен.

    Според неа, овие инциденти не претставуваат случајно вознемирување, туку се испланирани во рамки на „кохерентната и ескалирачка кампања“ за вознемирување на европските граѓани, за тестирање на решителноста на Европа, за поделба на Унијата и ослабување на нејзината поддршка за Украина.

    -Време е да ја наречеме со вистинско име. Тоа е хибридна војна и мора да ја сфатиме многу сериозно, потенцира Фон де Лајен, додавајќи дека Европа мора да одговори на тоа и да го заштити секој квадратен сантиметар од својата територија.

    Претседателката на ЕК обвини дека Русија сака да посее поделба меѓу земјите членки на ЕУ, па затоа, според неа, тие мора да одговорат со единство и акција на солидарност.

    -Но, не само што мора да реагираме, туку мора и да одвратиме, бидејќи ако се двоумиме да дејствуваме, сивата зона само ќе се прошири, додаде Фон дер Лајен.

    Таа нагласи дека основна мисија на ЕУ е да го зачува мирот, па за таа цел денес е потребно да има капацитети да ја одврати агресијата и да одговори на провокациите и мора да биде способна да реагира во реално време.

    Во обраќањето Фон дер Лајен се осврна и на плановите на ЕУ за зголемување на трошоците за одбрана, на плановите „Подготвеност 2030“ и „Зачувување на мирот – Патоказ за подготвеност 2030“, како и на иницијативите „Чувар на источното крило“ и „Ѕид од дронови“, кој, како што рече, ќе претставува штит од беспилотни летала не само за земјите долж источните граници на ЕУ, туку и за целата Унија, вклучително и за јужното крило.

    Сепак, според неа, за заштитата на европските граѓани, небо и инфраструктура потребно е зајакнување и на другите клучни безбедносни капацитети, почнувајќи од противвоздушната одбрана, па се до спротивставувањето на кибер и електронските напади, како и ефикасно зголемување на производството во одбраната индустрија.

    -Ништо од ова не е можно без силна европска одбранбена индустрија. Треба да можеме да се потпреме на нашата сопствена индустриска база, особено во критични времиња, рече Фон дер Лајен.

    Таа додаде дека за справување со руската хибридна војна не е доволна само традиционалната одбрана, туку се потребни софтвери за дронови, тимови за брз кибер одговор, како и информативни кампањи за подигнување на свеста во јавноста.

    -Ова бара сосема нов начин на размислување. Мора да бидеме подготвени да ја напуштиме нашата зона на комфор и треба да истражиме нови начини на работа. Но, најважно од се, мора да ги одвратиме сите оние што сакаат да им наштетат на нашата територија и на нашите луѓе. Изборот пред нас е едноставен. Можеме или да се воздржиме и да гледаме како руските закани ескалираат или да им се спротивставиме со единство, одвраќање и решителност. Знам која страна ќе ја избереме, заклучи Фон дер Лајен во обраќањето.

    Популарно

    „Јас че ти кажам кога црвено, кога зелено“: Славјанка Петрвоска се збогува со Панчо Минов

    08.10.2025 во 11:42

    Се апси во Ѓорче, Хром и Нерези – голема акција на МВР и обвинителството

    08.10.2025 во 15:27

    Уапсена сопругата на Шаини – советникот на ДУИ во кој вчера беше пукано во Куманово

    08.10.2025 во 16:01

    МВР поднесе кривична против сопственичките на домовите за стари лица: Им давале храна со изминат рок, ги заклучувале

    08.10.2025 во 09:59
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.