Таксист нападнат и ограбен во Скопје - уапсени тројца студенти
Вчера полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода О.А.Б.(19), К.И.(19) и Е.Х.Б. (20), тројцата од Република Турција- студенти со регулиран привремен престој во РСМ, поради сторено кривично дело „разбојништво“.
На 03.05.2025 во 23.40 часот во СВР Скопје И.Р.К.(54) од Скопје пријави дека на бул. „Гоце Делчев“ во Скопје, додека вршел работни задачи како таксист во обележано такси возило, три лица кои ги превезувал, физички го нападнале, а еден од нив му одзел мобилен телефон, по што се дале во бегство.
Веднаш по добиената пријава, полициски службеници од СВР Скопје преземаа соодветни мерки и активности и трите лица се пронајдени и лишени од слобода, а пронајден е и телефонот и вратен на сопственикот. Против О.А.Б., К.И. и Е.Х.Б. до ОЈО Скопје е поднесена кривична пријава по чл.237 ст.4 од КЗ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа