Струмичанец украл мопед од вулканизер, за три часа заврши во полиција

 


Вчера во 19:00 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода С.В.(59) од село Дабиле, струмичко.

Тој се сомничи дека околу 16:00 часот од вулканизерска работилница во Струмица одзел мопед „сузуки“ со струмички регистарски ознаки.

С.В. бил задржан во Полициската станица Струмица и во службен разговор го признал делото. Од него бил одземен и мопедот и бил вратен на сопственикот.

Запознаен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, а по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

02.09.2025 - 10:33

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега