Стојаноски: Доколку се поделат пратениците на „Вреди“, Владата ќе функционира нормално

 

Владата ќе работи нормално и ќе има скоро двотретинска поддршка во Собранието. Ваков е коментарот на пратеникот Бојан Стојаноски од ВМРО ДПМНЕ, на новинарско прашање за изјавата на Халил Снопче од АА на Таравари кој рече дека ако нивната партија е надвор од Владата, неминовно доаѓа до прашањето за нови парламентарни избори.

– Ние неколкупати сме кажале дека мнозинството неофицијално брои две-третини односно над 80 пратеници. Јас ве уверувам дека и покрај таа ситуација, доколку стане актуелна се случи, Владата ќе функционира сосема нормално и подобро од претходно. Ние сме подготвени во секој момент на предвремени избори, но таквите нема да ги има заедно со локалните, одговори Стојаноски на новинарско прашање.

Според него, Владата којашто е предводена од ВМРО-ДПМНЕ, ќе ги дуплира или трикратно ќе ги зголеми средствата на коишто се одвојуваат за сите општини во  Македонија, со цел да помогне на општината Кочани.

Паралелно со тоа се водат преговори со повеќе инвеститори уште имаат донесено одлука да инвестираат во Република Македонија своите капацитети да ги изградат во индустриската зона во Кочани. Сакам да потсетам дека Владата ги покрива трошоците на оние коишто се лекуваат во странство, но ќе продолжи да ги помага и тие коишто се повредени, но и семејствата на починатите, рече Стојаноски на прес-конферецијата по денешната седница на собраниската Комисија за економски прашања, труд и енергетска политика. 

30.04.2025 - 20:39

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега