Советникот на Таравари: Да не ја предадеме „Алијанса за Албанците" во прегратки на другите

 

Сабри Азири, член на претседателството на Алијансата за Албанците и политички советник на Арбен Таравари во Министерството за здравството, е против одлуката партијата да излезе од Владата, па преку социјалните мрежи истакна дека на последниот состанок на претседателството го повикал членството да му се придружат во продолжувањето на вистинскиот пат на АА, објавува весникот на Албански јазик „Лајм“.

 

- „Алијансата за Албанците е над сè! Нашите цели се градење функционална држава, борба против криминалот и посветеност на реформската агенда. Ова е адресата каде  оди секој граѓанин, кој се стреми кон европската перспектива на оваа мала и страдална земја. Наша должност е да не ги оставаме нашите граѓани и нашите гласачи на милоста на другите, да ги предаваме во туѓи раце. Народот и гласачите ни го дадоа својот глас, за да ги претставиме во најдобро светло. Да не ги разочараме! На последниот партиски состанок пред највисоките партиски органи јавно реков: Кој сака нека дојде со мене заедно да ја водиме Алијансата за Албанците во насоката за која гласачите ни го дадоа мандатот. Ги повикав: Дојдете, за да одиме напред! Секој што има друга идеја – нека продолжи по друг пат! Јас и оние како мене нема да дозволиме повторно да бидеме поделени, ниту да ја предадеме Алијансата за Албанците во прегратките на другите!“, стои во објавата на Сабри Азири, објавува „Лајм“.

Инаку, Таравари денеска треба да ја поднесе оставката. Засега Таравари не потврдува коалицирање со ДУИ и Европскиот фронт за престојните локални избори но големи се шансите дека тоа ќе се случи.

Премиерот Мицковски го откажува дури и кафето за збогум што сам го најави.

15.05.2025 - 08:32

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега