Шокантна пресуда за Пи Диди, раперот нема да одговара за сексуална трговија

 

Шон Диди Комбс е прогласен за виновен за двете обвиненија поврзани со проституција, но беше ослободен од обвиненијата за сексуална трговија и рекетирање, поради кои можеше да остане во затвор до крајот на животот.

Славниот рапер не е осуден за принудување жени да имаат сексуални односи со други мажи или за рекетирање, што беа дополнителни обвиненија во овој случај.

Пред да се изрече пресудата за сексуални злосторства, раперот емотивно им се обрати на членовите на своето семејство кои присуствуваа на судењето.

„Останете силни“, рече Диди, додека неговите деца дадоа знак со главите како на поддршка.

Потоа се помоли: „Боже, те молам заштити го моето семејство“.

Неговото семејство одговори со колективно „Амин“.

Случајот привлече големо внимание од јавноста, а пресудата претставува важен чекор во правната постапка што траеше со месеци.

02.07.2025 - 23:45

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега