СДСМ: Ќе поднесеме кривична пријава за морбидната кампања на ВМРО-ДПМНЕ

 


Патетеична и разочарувачка е кампањата на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски кои се обидуваат да се претстават како жртви во јавноста. Ваквиот обид само ја покажува слабоста на оваа власт, која ниту има проекти, ниту пак нуди политики - се што понудија досега се лаги, манипулации и гола реторика. И секаде се фатени. Секоја лага им излезе на површина, затоа сега им останува само да се претстават како жртви, се вели во соопштението од СДСМ.

„Најновата измислица на Мицкоски и ДПМНЕ денес е сеењето на магла дека некој барал „убиство на Мицкоски“. Имено, веб страницата www.ubijcitenakocani.com е направена на 16.09.2025 и пополнета со содржина непосредно пред прес-конференцијата на партискиот портпарол, односно во 11 часот и 58 минути.

Прашувме, дали ова не е доказ дека истата е направена за нивните морбидни ПР потреби? Пред прес-конференцијата, вебстранцата не постоеше, ниту пак некој ја имаше видено.

Оттука, бараме ВМРО-ДПМНЕ да се извинат за искажаните лаги и обидот за манипулации, бараме од институциите веднаш да ја проверат сопственоста на интернет страницата. СДСМ ќе поднесе кривична пријава за пронаоѓање и казнување на креаторите на оваа морбидна кампања. СДСМ бара итно извинување од ВМРО-ДПМНЕ во спротив ќе поднесе тужба за клевета.

Апелираме до Мицкоски и ДПМНЕ да ги остават да почиваат во мир жртвите од Кочани. Апелираме до Мицкоски да престане со овој морбиден ПР кој ги вознемирува семејствата на загинатите и повредените“, стои во соопштението од СДСМ.

17.09.2025 - 14:42

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега