Руски пожарникари погодени во напад со дрон во источна Украина

 

Група руски пожарникари е повредена во украински напад со дрон во источниот украински регион Доњецк, соопшти Москва, пренесе ДПА.

Осумте мажи биле на пат да гаснат пожар во близина на градот Горловка кога биле нападнати од борбени дронови, јави руската државна новинска агенција ТАСС, цитирајќи ја агенцијата за цивилна заштита во Москва.

Мажите, иако повредени, успеале да се засолнат во нивното возило за итни случаи, се вели во извештајот.

Тврдењата не можат да се потврдат независно.

Украина досега не ги коментираше извештаите.

Доњецк е една од четирите украински копнени територии незаконски анектирани од Русија за време на инвазијата која почна на 24 февруари 2022 година.

02.05.2025 - 22:35

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега