Проблемот со хонорарците во тетовската болница ќе се решава системски, најавија Мицкоски и Касами

 

Премиерот Христијан Мицкоски и градоначалникот на Тетово и лидер на Движење Беса, Биљал Касами од Тетово порачаа дека системски се решава проблемот со хонорарно вработените во тетовската болница. Ова е нивниот одговор на обвинувањата на Демократската унија за интеграција дека нема согласност за засновање на постојан работен однос на 155 медицински сестри и други профили во Клиничката болница во Тетово. 

-Не ги двоиме како Влада и нема да ги двоиме дали вработените се во Тетово, во Струмица, во Гостивар или во Гевгелија. Ние сме Влада на сите граѓани на Македонци, на Албанци, на Турци, на Срби, на Власи, на Бошњаци, на Роми, на тетовчани, на струмичани, на гостиварци, на битолчани, на прилепчани, на кичевчани, на сите. Треба да се навикнеме на таква Влада, мислам дека повеќе од година дена требаше да стане јасно дека оваа Влада не ги дели ниту по град, ниту по општина, ниту по етничка припадност граѓаните, истакна Мицкоски при посетата на Тетово. 

Касами потсети дека во ресорот здравство имаше промена на министерот, а дека постапката за траен работен однос е почнат.

-Знаме дека се работи за промена на министерот за здравство каде оваа процедура е почната од порано и требаше да се заврши порано. Но претходниот министер  наместо да се занимва со работите, одговорностите кои ги имаше како министер, се занимавше повеќе со политика. Сега со новиот министер и заедно со Владата, работиме тоа прашање во склоп на сите вработувања во здравствениот систем и во други болници да се реши во интерес на пациените и во интерес на граѓани, истакна Касами.

21.07.2025 - 15:20

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега