Пајакот направи парче во Центар

 

ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со сообраќајната полиција-Скопје во периодот од 19-ти до 25 мај со помош на специјалните возила „пајак“ отстраниле 100 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

ЈП ПОЦ и Општина Центар, велат јавното претпријатие, секојдневно водат грижа за да го доведат во ред сообраќајниот хаос настанат од непрописно паркираните возила на територијата на Општина Центар.

Апелираат да се почитуваат сообраќајните правила од страна на секој учесник во сообраќајот со цел одржување на ред и безбедност на улиците. 

26.05.2025 - 10:12

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега