Од модуларната болница во Тетово остана само пепел - Денеска пресуда за случајот
Во Тетово денеска на пладне се очекува да биде изречена пресуда за пожарот во модуларната болница.
За пожарот во модуларната болница, во кој загинаа 14 луѓе, обвинети се двајцата директори Флорин Бесими и Артан Етеми. Нивните адвокати велат дека кај нив нема одговорност, бидејќи модуларните болници биле под други министерства, а обвинетите директори немале обврска за поставување противпожарни апарати.
Обвинителството очекува затворски казни, затоа што според нив двајцата обвинети имале обврска да постават противпожарни апарат, а тоа не го направиле според пропишаните норми.
Ова е второ судење за случајот, бидејќи првата пресуда во која директорите добија условни затворски казни беше поништена на Апелациониот суд во Гостивар.
За потсетување, вечерта на 8 септември 2021 година избувна пожар во модуларната болница за COVID-19 пациенти во Тетово, каде за жал загинаа 14 лица, од кои 12 биле пациенти, а двајца роднини на пациентите.
На 10 септември, два дена по пожарот, оставка дадоа министерот за здравство Венко Филипче, заменик-министерот Илир Хасани, директорот на тетовската болница Флорин Бесими и економскиот директор на болницата Артан Етеми.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа