Новинар - кандидат за градоначалник на СДСМ: Куновски ќе трча за Битола
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, попладнево соопшти дека новинарот Методија Куновски ќе биде кандидат на партијата за градоначалник на општина Битола.
Куновски беше долгогодишен уредник во локалната ТВ Орбис, потоа портпарол на РЕК Битола, а по смена на власта стана претседател на органокот на СДСМ во Битолa.
На денешната прес-конференција, лидерот на СДСМ соопшти дека кандидат за градоначалник на Град Скопје на СДСМ, ќе биде поранешната министерка за животна средина, Каја Шукова.
18.07.2025 - 19:38
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа