Крваво убиство во кочанско - бесна жена си го уби сопругот
Oд семејна расправија до крваво убиство. Трагедија ги потресе жителите во кочанското село Облешево.
Според информациите од полицијата 48 годишната М.Ѓ. имала жестока расправија со нејзинот седум години постар сопруг Благојче Ѓ. ВО еден момент, расправијата ескалирала, па М.Ѓ. зела метална цевка и го удрила сопругот во главата.
Мажот паднал на земја, а М.Ѓ. незнаејќи дали тој е починат или во бесознание, повикала итна медицинска помош и полиција. За жал лекарската екипа само ја констатирала смртта кај Благојче.
Жената е приведена, а МВР работи на целосно расветлување на случајот.
27.01.2014 - 10:06
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа