Најмалку 70 луѓе се загинати во Авганистан во автобуска несреќа
Во сообраќајна несреќа во западен Авганистан загинаа 73 лица, вклучувајќи 17 деца, од кои повеќето биле во автобус што превезувал авганистански мигранти што се враќале од Иран, пишува Би-би-си.
„Автобусот, на пат кон Кабул, се запалил откако се судрил со камион и мотоцикл во покраината Херат. Сите во автобусот загинаа, како и две лица од другите возила“, изјави Ахмадула Мотаки, директор на талибанците за информации и култура во Херат.
Полицијата во Херат, како што пишува АФП, соопштила дека несреќата се случила поради прекумерната брзина и небрежност на возачот на автобусот кој излетал од главниот пат и се судрил со мотоциклот, а потоа и со камионот.
Според полицијата, камионот превезувал гориво и тоа го предизвикало пожарот.
Во последните месеци Иран ги засили депортациите на недокументирани авганистански мигранти кои избегале од конфликтот во нивната земја.
„Сите патници беа мигранти кои се качиле на возилото во Ислам Кала“, изјави портпаролот на гувернерот на покраината, Мохамед Јусуф Саеди.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа