Сообраќајна несреќа во Куманово, повредени двајца полицајци

 


Вчера во 15:25 часот во СВР Куманово било пријавено дека на бул.„Октомвриска револуција“ во Куманово се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „шкода јети“, сопственост на МВР, патничко возило „цитроен“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од И.Н.(48) од Куманово и патничко возило „фолксваген пасат“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од С.Д.(28) од Куманово.

Во незгодата со телесни повреди се здобиле возачот и совозачот - двајцата полициски службеници од возилото „шкода јети“, констатирани во Општа болница Куманово.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.

05.08.2025 - 16:29

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега