16-годишник со „бмв“ излетал од пат - тројца малолетници пренесени во болница

 


Завчера околу 21.40 часот во СВР Велес е пријавено дека на ул.„Раштански пат“ во правец од с.Бузалково кон с.Раштани, велешко, патничко возило „бмв“ со велешки регистарски ознаки, управувано од 16-годишник од село Бузалково, излетало надвор од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил неговиот 17-годишен сопатник од с.Бузалково, а со телесни повреди се здобиле малолетниот возач и уште еден 16-годишен сопатник од с.Бузалково, констатирани во Општата болница Велес, известија од полицијата во денвниот билтен. 


 

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Велес.

18.07.2025 - 15:49

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега