Интерпелацијата за претседателот на Уставниот суд на собраниска седница на 9 јули

 

- За интерпелацијата за работата на претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски поднесена на 4 јуни од пратеничката група на Европски фронт ќе се расправа во рамки на 59. собраниска седница закажана на 9 јули. Како што стои на собраниската веб-страна, седницата треба да почне во 11 часот.

Пратеникот на Европскиот фронт, Илир Хасани тогаш на прес-конференција образложи дека интерпелацијата е поднесена за работата на Костадиновски врз основа на член 72, став 1 и став 2 од Уставот. Според Хасани, Костадиновски свесно го прекршил Законот за употреба на јазиците и членот 101 од Законот за Уставниот суд. 

- Сакам да нагласам дека оваа иницијатива нема за цел да изврши притисок врз Уставниот суд за разлика од другите претходни интерпелации кои беа јасно од политичка природа, туку има социјална и медиумско влијание. Нашата цел е да поведеме институционална дебата за фукционирањето на оваа институција и улогата на нејзиниот претседател во почитување на Уставот и постоечките закони, рече Хасани.

Според Хасани, Костадиновски има предрасуди кон албанскиот јазик. 

- Во причините за интерпелацијата може да споменеме интервју што е дадено за новинарската агенција МИА во август 2024 година, каде што цитирам „дека политиката што ја создаде тој закон создаде еден вид правен хаос што резултираше со политички хаос, недоверба и дилема. Факт е дека законот се спроведува и дека создава проблеми со неговата имплементација“. Оваа изјава покренува неколку прашања: Врз основа на кој член од Уставот или кокретен закон претседателот на Уставен суд смее да карактеризира закон како извор на политички и правен хаос и дали е во надлежност на претседател на Уставен суд да утврди проблеми во спроведување на зкаонот и да предвиди законодавна интервенција. Ваквите изјави ги намалуваат рамките на надлежностите дефинирани со закон и создава серија сомнежи за непристараноста на претседателот на Судот во случаи што се уште се во фаза за разгледување, рече Хасани.

26.06.2025 - 19:15

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега