Божиновска за Чебрен: Најубаво е како држава сами да ја изградиме,но ќе чини најмалку милијарда
Наскоро ќе се знае точниот метод за изградбата на хидроцентралата Чебрен, најави мионситерката за енергетика Божиновска, која е на став дека најдобрата опција е хидроцентралата да ја гради државата.
-Сите знаете дека … датира од 1962 програмите и сите знаете дека 14 неуспешни тендери, сакавме да го направиме овојпат како што треба. Ги разгледуваме опциите дали ќе биде тоа Чебрен, Галиште, колку метра ќе биде браната, тоа е сериозен еден пристап. Ќе видиме и колку тоа ќе изнесува, при крај сме со тоа, да видиме колку тоа ќе чини. Најубаво е тоа ние како држава да поседуваме, меѓутоа тоа е проект кој ќе биде минимум милијарда евра што не е мала ставка, знаејќи каков ни беше буџетот, а ќе ги доформализираме сите овие проценки и мислам дека во најкус временски период ќе знаеме точно кој метод ќе го примениме понатаму, истакна министерката Божиновска.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа