Мицкоски: Владата работи за подобар живот на граѓаните, без разлика на партиската припадност
Јас немам што да додадам на тоа што веќе го кажаа претходните говорници. Мислам дека прилично исцрпно и детално ве информираа и вас, претставниците на медиумите, но и граѓаните.
Мене ми преостанува само да им честитам на градоначалниците за работата и за резултатите кои што ги испорачуваат на граѓаните во општините во кои што се градоначалници и Штип и Карбинци. Убеден сум дека и во годините кои што следат ќе продолжат со несмалена динамика, изјави премиерот Христијан Мицкоски од Штип.
Истовремено, премиерот им честиташе и на советите и на администрацијата што ја следат работата на градоначалниците и убеден е дека во годините кои што следат ќе испорачаат уште многу резултати насекаде низ целата територија на Македонија, во сите општини, затоа што нивен приоритет претставува квалитетот на живот на граѓаните.
И без разлика дали се тоа општини каде што има градоначалник од редовите на владејачкото мнозинство или пак од опозицијата или пак некој независен градоначалник, оваа Влада е посветена целосно на овие речиси 26.000 квадратни километри на секое парче да инвестира, рече Мицкоски.
Премиерот им се заблагодари и на колегите од Владата за неуморната работа, за енергијата, за ентузијазмот, за инспирацијата која што ја имаат и проектите што ги реализираат. Не само на централно ниво, туку и, помагајќи ги општините, на локално ниво.
„Знам дека уште многу убави работи во периодот што следи ќе објавивме заедно за граѓаните, а посебно за Штип и општините околу Штип. Така што со несмалена динамика продолжуваме да испорачуваме.
Голема благодарност и до пратениците во македонското Собрание кои што навистина со својата работа исто така инспирираат, работат, се борат за своите општини, за проект повеќе. И убеден сум дека една ваква хармонија на локално, на централно ниво и во рамките на Парламентот со огромното мнозинство коешто го има оваа влада, ќе продолжи и во иднина и ќе испорачаме за доброто на сите граѓани, за подобар живот. Впрочем, тоа беше и нашата цел, еве речиси една година од изборите, да биде Македонија повторно на граѓаните. И мислам дека до сега успеваме да ја вратиме“, истакна Мицкоски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа