Нова трагедија ја потресе Македонија: Загина 33-годишен мотоциклист
Денеска околу 14:30 часот, на патот Дебар–Струга, во близина на селото Отишани, се случила тешка сообраќајна несреќа во која животот го загуби 33-годишен мотоциклист Б.Р. од Кичево, информираа од СВР Охрид.
Во несреќата учествувале патничко возило „пежо 406“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Г. (43) од Скопје, и мотоцикл „дукати“ со кичевски ознаки, управуван од починатиот Б.Р.
Екипа на Итната медицинска помош од Дебар на самото место ја констатирала смртта на мотоциклистот. Во несреќата е повредена и 42-годишната М.Г. од Скопје, сопатничка во автомобилот, која со телесни повреди била пренесена во болницата во Дебар.
По наредба на јавен обвинител ќе се изврши обдукција на телото на починатиот. Увидот на местото на несреќата е завршен, а сообраќајот, кој беше во прекин околу два часа, е нормализиран од 17:55 часот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа