Временски пресврт после полицискиот час - УХМР информира какво ќе биде времето на почетокот на мај

 

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од западен правец. Минималната температура ќе биде од 1 до 7, а максималната од 16 до до 24 степени.

Во Скопје, сончево со слаб ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне 22 степена.

Според УХМР, за викендот времето ќе биде стабилно, суво и потопло. Од почетокот на следната недела ќе има локална појава на краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Дневните температури ќе бидат без промени. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.04.2020 - 13:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега