Спасовски: Со градоначалникот на Куманово имаме принципиелни професионални односи
„Со градоначалникот Димитриевски имаме принципиелни професионални односи и таа комуникација така и ќе продолжи за доброто на граѓаните на Куманово“, вели во интервју за Фактор техничкиот премиер Оливер Спасовски.
– Да ги оставиме шпекулациите за оние кои немаат со што друго да се занимаваат, иако оваа ситуација во којашто ни се наоѓаат луѓето и државата, сметам дека го прозива секој поединец, човек, личност на раководна позиција, граѓанин, да се фокусира на придонесот што може да го даде во надминувањето на здравствено-економската криза во државата и да се однесува совесно. Целосно сум посветен на доброто на моите сограѓани во Куманово и на доброто на граѓаните во целата наша земја. Оваа криза ќе заврши, но ќе се памети кој успеал да се издигне над личните интереси во интерес на колективното добро. Тоа е за мене и како човек и како премиер единствен и врвен приоритет, посочува Спасовски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа