Облаци, дожд и ветер- УХМР со информација какво време не очекува до крајот на неделава

 

 Времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет, особено претпладне. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

Утринската температура ќе се движи од 3 до 9, а дневната од  9 до 14 степени.

Во Скопје, слично време, променливо облачно со повремен дожд, особено претпладне. Утринската температура ќе се спушти до 8, а дневната ќе достигне до 11 степени.

Од четврток ќе настапи стабилизирање на времето со пораст на дневните температури.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.04.2020 - 07:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега