Зголемено семејното насилство, драстичен пад бројот на тешки кражби и измами
Ако се изземат сите кривични дела за ширење на заразата, стапката на класичниот криминал е во опаѓање, пред сè, за кривичните дела разбојнички кражби, тешки кражби и измама, соопшти министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев, во вечерашното гостување во емисијата „Топ тема“.
Според него, тоа е нормално поради лимитираното движење на луѓето.
Чулев речедека за кривичното дело тешка кражба има опаѓање за 45 отсто, а за измама од 60-65 проценти.
Забележано е и намалување дури до 50 отсто на сообраќајните несреќи со тешки последици.
Од друга страна, пак, статистиката за првото тромесечје покажува дека има зголемување на случаите на семејно насилство. Чулев, не спомена конкретни бројки туку најави дека чекаат да заврши април за да направат статистика само за периодот откако е воведен полицискиот час за да се види колку зголемувањето на семејното насилство е поврзано со ограничувањето на движењето.
Чулев ги повика жртвите на семејно насилство слободно да одат во полициска станица или да се пријават кај првиот полицаец кој ќе го сретнат на улица без разлика дали станува збор за полициски час или не.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа