Целосно изгаснат пожарот во атарот на кичевското село Србица
Во текот на вчерашното попладне во близина на селото Србица- Кичевско избувна шумски пожар во кој беше зафатена претежно дабова и ниско стебласта шума.
Поради близината на селските куќи, на овој пожар се делуваше мошне брзо и професионално од страна на противпожарните екипи на Кичево и месното население.
Пожарот најпрвин беше локализиран, спречено неговото натамошно ширење и нешто пред полноќ пожарот целосно беше изгаснат. Висината на настанатата штета од пожарот накнадно ќе се утврдува, но најдоброто од се е што не се зафатени селските куќи, особено во опасност беше куќарката на соблекувалните од селскиот стадион.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа